Англискиот премиерлигаш Тотенхем е заинтересиран за Жефри Кондогбија, играчот за врска на Валенсија, и подготвен е да ја плати дури и отштетната клаузула за да го доведе во Лондон. Менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино, смета дека Кондогбија би бил идеално засилување во средниот ред на Тотенхем и затоа нема да штеди средства за да го купи.
Кондогбија минатата сезона ја мина во дресот на Валенсија како позајмен играч од Интер, а шпанскиот тим го искористи правото комплетно да го откупи неговиот договор за сума од 25 милиони евра. При потпишувањето е поставена клаузула за заминување од 80 милиони евра. Доколку Тотенхем ја плати оваа сума, тогаш Валенсија веќе нема да се прашува, туку раководството на лондонскиот клуб ќе преговара директно со францускиот интернационалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА