Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк е под голем притисок за неговата позиција. Веќе се шпекулираше дека во Лондон би можел да дојде екс тренерот на Барселоја, Чави, меѓутоа веројатно до тоа нема да дојде.
Наводно челниците на Тотенхем одлучиле да му пружат поддршка на клупата на Данецот, и згора на тоа да му обезбедат 150 милиони евра за јануарски трансфери, со цел тимот да се искачи што погоре на табелата, и ако може да избори место во Европа идната сезона.
Франк наводно побарал три засилувања во јануари. Сепак, првиот пик Антоан Семењо е веќе пред портите на Манчестер Сити. Саму Омородион од Порто е исто така желба на Франк, а менаџерот сака и лев бек во своите редови.
Тотенхем е 14-ти на табелата со 22 бодови по 17 кола во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

