И покрај тоа што беше доведен Ришарлисон од Евертон, Тотенхем нема намера да го продаде Хари Кејн. Кејн од почетокот на 2011 година игра за овој тим, а во меѓувреме стана и капитен на екипата. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, и беше на „мета“ на големите клубови во изминатите години.
Во последно време Манчестер Сити, Баерн и Манчестер Јунајтед се интересираат за неговите услуги, но Тотенхем никако не сака да се откаже од неговите услуги.
Челниците дури му подготвуваат и нов договор со траење до 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА