Тотенхем остана без Ерик Даер за новогодишниот згуснат распоред

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе биде без услугите на играчот за врска Ерик Даер за време на претстојниот божиќно-новогодишен згуснат распоред во Премиер – лигата. Искусниот играч од средниот ред мораше итнно да замине на операција на слепото црево, откако деталните лекарски прегледи покажаа дека има здравствени проблеми што мора да бидат решени на таков начин.

„Ерик имаше големи болки во абдоминалниот предел и лекарскиот тим препорача да замине на операција. Се надеваме дека брзо ќе се опорави и ќе ни се врати во тимот“, истакна менаџерот Маурисио Покетино.

Даер ќе паузира дваесетина дена, а потоа ќе почне со лесни тренинзи. Сепак, ќе пропушти неколку натпревари на Тотенхем.

 

Се вчитува...