Тотенхем остана без Сон за стартот на следната сезона

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хјонг – Мин, заработи сериозна повреда на рамото на квалификацискиот меч меѓу Катар и Јужна Кореја (3-2). Поради ова ќе го пропушти и почетокот на новата сезона во Премиер – лигата, со оглед дека се работи за скршеница на рамото, и првичните проценки се дека ќе паузира најмалку три месеци.

Јужна Кореја го загуби својот најдобар играч за завршницата на квалификациите, а Тотенхем нема да го има на располагање за стартот на новата сезона. Сон беше стрелец на 21 гол во дресот на Тотенхем во сите конкуренции изминатата сезона.

Се вчитува...