Тотенхем победува со стил пред дербито со Челси

Тотенхем уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за највисок пласман во Премиер-лигата откако „спарси“ ја почнаа новата 2017 година со убедлив триумф на гостински терен во лондонското дерби против Ватфорд (1-4).

Избраниците на Покетино одиграа фантастичен меч во кој го демолираа противникот, воедно потврдувајќи ја извонредната форма во пресрет на големото дерби што во следното коло ќе го играат на домашен терен против Челси. Хари Кејн одигра фантастичен меч постигнувајќи ги првите два гола за Тотенхем, по што имаше и една асистенција. Третиот и четвртиот гол беа дело на Деле Али, кој потоа заедно со Кејн беше повлечен од игра за да ги сочува силите за големото дерби со Челси. Конечните 1-4 во самиот финиш ги постави дефанзивецот на Ватфорд, Кабул, кој своевремено го носеше дресот на „спарси“

Тотенхем со овој триумф го стигна Манчестер сити и се искачи на третото место на табелата со 39 бода, десет помалку од тимот на Антонио Конте.

All Goals & Highlights – Watford 1-4 Tottenham… by livgol

Се вчитува...