Тотенхем почна и да продава: Романскиот стопер се врати во Италија

После ангажманот на Маркос Сенеси од Борнмут и на Жан Пол ван Хеке од Брајтон, Тотенхем почна да се „чисти“ и од вишокот на  фудбалери во своите редови. Првиот кој замина е стоперот Раду Драгушин.

Романскиот централен бек после две и пол години во Премиерлигата, се врати во Италија и ќе го носи дресот на Фиорентина. Целиот трансфер би требало да чини некаде околу 15 милиони евра.

Драгушин во јануари 2024 година од Џенова се пресели во Тотенхем за двојно поголема сума отколку што заминува. За тимот од Лондон одигра 35 меча во Премиерлигата. Тој претходно настапуваше и за Јувентус, Салернитана и Сампдорија, со што веќе има искуство во Италија и нема да му биде проблем адаптацијата во новиот клуб.

Се вчитува...