Тотенхем подготвува 60 милиони евра за Мемфис Депај

Англискиот премиерлигаш Тотенхем се обидува да се врати на позициите кои ги имаше минатата сезона, а менаџерот Маурисио Покетино смета дека му се потребни освежувања во тимот. Изборот падна на Мемфис Депај, холандскиот интернационалец кој го носи дресот на Лион.

Тој претходно беше дел од Премиер – лигата како член на Манчестер Јунајтед, но не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“ и во летото 2017 госина замина во Лион. Сега за 60 милиони евра би можел да се врати во Англија, но во Тотенхем.

„Премиер – лигата е голем предизвик. Знам дека има интерес за мене, но не се прашувам само јас“, изјави Депај.

Тој постигна 50 гола на 130 натпревари во дресот на Лион во сите конкуренции.

 

Се вчитува...