Тотенхем се прошета на „Олд Трафорд“ и ги посрамоти „ѓаволите“

Тотенхем му нанесе срамен пораз на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, совладувајќи го тимот на Жозе Мурињо со убедливи 0-3. „Спарси“ продолжуваат со максимален ефект и имаат девет бода по три меча, а Јунајтед го забележа вториот пораз. Ова дефинитивно е сигнал дека не цветаат рози за составот на португалскиот стратег кој може многу брзо да се соочи и со отказ.

Хари Кејн во 50.минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Лукас Моура зголеми на 0-2. Бразилскиот интернационалец во завршницата постигна уште еден погодок за тотален дебакл на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...