Тотенхем се засили со аргентинскиот талент Хуан Фојт

Екипата на Маурисио Покетино го осигура потписот на 19-годишниот дефанзивец од Естудијантес, Хуан Флојт, за сума од 9 милиони евра. Талентираниот Аргентинец потпиша петгодишен договор со клубот од Лондон.

Младиот одбранбен играч минатата сезона доби шанса да заигра во првиот тим на Естудијантес, забележа седум настапи, но најмногу импресионираше на СП за играчи до 20 години, во дресот на младата репрезентација на Аргентина.

„Навистина ми се допаѓа овој клуб, ги следам натпреварите уште од мали нозе. Премиер-лигата е многу конкурентна, можеби најдобра лига во светот. Се надевам дека со Тотенхем ќе продожвам да го развивам мојот потенцијал“, вели Фојт.

Се вчитува...