Тотенхем стравува: Хари Кејн неизвесен за дуелот со Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино по вчерашниот пораз од 3-2 против Вест хем во Карабао купот, истакна дека Хари Кејн е неизвесен за дербито против Манчестер јунајтед. Првиот стрелец на Премиер – лигата вчера го пропушти натпреварот, додека во неделната пресметка против Ливерпул беше заменет во последните минути од мечот откако постигна два гола, а при излегувањето Кејн се држеше за задната ложа.

Покетино ги разреши сите дилеми по средбата со „редси“, посочи дека нема никаква повреда, но дека Кејн со сигурност нема да игра против Вест хем, а на прашањето дали Кејн ќе стартува против Јунајтед во сабота, Покетино одговори: „Засега е неизвесно, ќе знаеме по анализите. Морав да ги ротирам играчите против Вест хем, но бев приморан да ротирам од различни причини“.

Се вчитува...