Тотенхем тргнува по потписот на Хојбјерг

Англискиот премиерлигаш Тотенхем тргна по потписот на данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг, пренесуваат англиските медиуми. Менаџерот на лондонскиот клуб Жозе Мурињо ја бара замената за Ндомбеле фудбалер кој не добива шанса по доаѓањето на Португалецот на чело на тимот и поради тоа по крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Вајт харт лејн“.

24-годишникот е член на Саутемптон од 2016 година. Тој досега за тимот од „Сент Мерис“ запиша 105 настапи на кои постигна четири гола. Хојбјерг во 2012 година од Брондби стигна во младинската школа на Баерн Минхен, а во 2013 го имаше своето деби и за првиот тим на „баварците“. Тој за германскиот гигант запиша само 17 настапи, а во тој период беше праќан на позајмици во Аугзбург и Шалке.

Се вчитува...