Тотенхем во финишот извлече триумф против Барнли

Тотенхем со судни маки стигна до минимален триумф против Барнли на домашен терен, славејќи со 1-0. Кристијан Ериксен во 90.минута беше стрелец на победничкиот гол за лондонскиот тим, кој со 39 бода се наоѓа на третата позиција, со пет бода негатива во однос на лидерот Манчестер сити.

Тимот на Маурисио Покетино долго се обидуваше да го разбие бункерот на гостите, а тоа на крајот му успеа на данскиот интернационалец Ериксен, кој беше прецизен од десетина метри по проигрувањето од Хари Кејн.

Кристал Палас со голот на Лука Миливојевиќ славеше над Лестер со 1-0, а минимален триумф на гости оствари Њукасл.

Резултати Англија: Кристал Палас – Лестер 1-0, Хадерсфилд – Њукасл 0-1, Тотенхем – Барнли 1-0, Ватфорд – Кардиф 3-2, Вулверхемптон – Борнмут 2-0.

Се вчитува...