Тотенхем во неверување: Разочарани сме од одлуката на УЕФА

Како што е веќе утринава објавено, УЕФА одлучи одложениот меч од Конференцијската лига помеѓу Тотенхем и Рен кој требаше да се ига на 9 декември во Лондон, и беше откажан поради заразени во таборот на англискиот тим да го региистрира со службени 3-0 за гостите.

Со тоа Рен оди автоматски понатаму, додека пак Тотенхем е елиминиран.

„Разочарани сме од одлуката на Апелациското тело на УЕФА и одбивањето да се даде повеќе време за презакажување на натпреварот. Сепак, мораме да ја донесеме таа одлука и да се фокусираме на оние конкуренции во кои се уште се натпреваруваме“, изјави портпаролот на Тотенхем.

Во последните две недели вкупно три натпревари на Тотенхем се закажани поради големиот број позитивни тестови за коронавирус во нивниот табор.

Се вчитува...