Тотенхем води во Милан, среќен гол на Ериксен (видео)

Резултатската криза на Интер е на добар пат уште повеќе да се продлабочи откако по серијата слаби игри во италијанското првенство „нероаѕурите“ сега губат и на отворањето од сезоната во ЛШ.

Тотенхем е првиот гостин на „Џузепе Меаца“, па лондонскиот клуб успеа и да дојде до предност со голот што во второто полувреме го постигне Кристијан Ериксен. Данецот одамна не постигнал толку среќен погодок, ако се знае дека првиот шут му беше одбранет, а при повторениот обид топката го удри Миранда, почна со чудно движење и заврши над Хандановиќ во мрежата на Интер.

Се вчитува...