Тоти: Доста со глупостите, Јуве е прв бидејќи е најдобар

Кој би рекол, но ете дојде и тој ден – Франческо Тоти да го брани Јувентус. На капитенот на Рома очигледно му дојдоа преку глава бројните критики на адреса на „старата дама“, па реши јавно да застане во одбрана на единствениот италијански клуб кој остварува позначајни резултати во европските купови.

Слушам премногу глупости во последно време, како судиите му помагаат на Јувентус. Ајде да престанеме да се лажеме, јас веднаш ќе ви кажам зошто Јуве секогаш е на врвот – бидејќи е убедливо најдобар тим во Италија во моментов. Јувентус игра исто против Барселона и против Киево. Не говорам за квалитетот на играта, туку за мотивацијата овие момци секогаш сакаат да победат, во очите им се гледа глад за нови и нови успеси. Тоа е она во што Јувентус се разликува од сите останати клубови во Италија, заедно со квалитетот на играчи што дефинитивно го поседува“ – истакна Тоти.

На навивачите на Рома овие коментари на клупската икона сигурно нема да им бидат по мерак, но едно е јасно, Тоти е преголема величина за некој да му се налути што гласно ги кажува своите ставови.

Се вчитува...