Тоти ги презема конците во Рома

Рома му нуди на Франческо Тоти поголеми ингернции во носењето одлуки во клубот преку функцијата Технички директор. Според италијанските медиуми, Тоти ќе има зголемена одговорност околу изборот на играчи. Клубот побарал од него да ги намали маркетишките активности низ светот и повеќе да и се посвети на Рома.

Ваквиот потег на италијанскиот тим доаѓа по критиките од навивачите околу заминувањето на Даниеле Де Роси. Тоти досега беше ангажиран како помошник на спортскиот директор, функција која ја извршуваше Рамон Мончи кој замина во Севлија.

Франческо Тоти целата играчка кариера ја мина во Рома, се пензионираше во 2017, а потоа остана да работи во клубот.

 

 

Се вчитува...