Тоти го носи Белоти во Рома

Италијанскиот калчолигаш Рома го пропушти возот за пласман во Лигата на шампионите, а раководството на клубот веќе прави планови за реорганизација во летниот преоден рок. Франческо Тоти добива нова улога како спортски директор, а негова прва мисија е ангажман на нов квалитетен напаѓач.

Босанскиот интернационалец Един Џеко е пред заминување од „Олимпико“, а за негов наследник е избран Андреа Белоти. „Волчицата“ е подготвена да плати 60 милиони евра за напаѓачот на Торино, за кој се заинтересирани и Интер и Наполи.

Се вчитува...