Тоти: Ова е невиден срам за фудбалот, „Златната Топка“ требаше да ја добие Левандовски

Доделувањето на „Златната Топка“ на Меси синоќа предизвика големи полемики на социјалните мрежи за тоа дали е оправдана. Легендарниот напаѓач на Рома и на италијанската репрезентација Франческо Тоти изрази незадоволство од синожешната церемонија.

Легендарниот фудбалер на Рома остакна дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, без сомнение ја заслужил „Златната топка“ оваа година.

„Навикнати сме Златната топка да ја добиваат Меси или Роналдо. Но, оваа година наградата требаше да ја добие Левандовски …Ова е невиден срам за фудбалот“, потенцираше Тоти.

Се вчитува...