Тоти: ЦР7? Па и ние ќе донесеме големо име!

Франческо Тоти, легендата на Рома и еден од функционерите на римскиот клуб, вели дека едноставно не можело да се одбие понудата на Ливерпул па за 75 милиони да се ослободи голманот Алисон.

„Првпат за голман некој понуди 75 милиони евра, и ние тоа не можевме да го одбиеме. Жалам што го загубивме најдобриот светски голман, но и покрај тоа ќе се обидеме да создадеме силен тим“ – порачува Тоти, кој се осврна и на доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

„Имав можност да играм против Роналдо. Среќен сум затоа што тој ќе донесе многу за италијанскиот фудбал. Посебен е, најдобар со Меси. Се надевам дека ќе помогне Серија А да се врати таму каде што и е местото. А, дали нашите навивачи се разочарани што ЦР7 е во Јувентус? Нормално дека навивачите на другите тимови малку се збунети, но сите мора да бидеме среќни и мирни. И ние очекуваме големи имиња во нашиот тим и сигурен сум дека ќе направиме се за да ги донесеме“ – вели Тоти.

Се вчитува...