Тоти влезе во менаџерски води, го има и првиот клиент

Франческо Тоти кратко време се одмори од фудбалот по бурната разделба од Рома, па екс-капитенот на „волчицата“ реши да заплови во менаџерски води. Тој веќе стави до знаење дека нема намера да се занимава со тренерска професија, па од неколкуте опции ја избра онаа да стане менаџер на фудбалерите и да преговара за нивни трансфери и што подобри услови во договорите.

„Принцот на Рим“ веќе го има и својот прв клиент, и тоа еден од најталентираните млади италијански фудбалери. Станува збор за 17-годишниот Себастијан Еспозито, кој сезонава веќе има неколку настапи за Интер и се наметнува како нова „ѕвезда“ на Калчо-лигата. Засега Еспозито делува среќно во тимот на Антонио Конте, но ќе биде интересно да се види како ќе се одвива неговата кариера, за која ќе се грижи токму Тоти.

Мора да се истакне дека Италијанецот нема да работи сам, туку ќе биде дел од новата компанија „Стелар груп“. Таа е сопственост на британскиот менаџер Џонатан Барнет, кој застапува клиенти како Герет Бејл од Реал Мадрид и Саул Нигез од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...