„Тото вели едно, а прави друго… Не верувам дека Мерцедес нема да промени ништо“

Големата награда на Австрија дополнително ја зголеми предноста која Ред Бул ја има во однос на Мерцедес во конструкторската битка, која сега изнесува 40 бода, а Макс Ферстапен има позитива од 18 бода пред Луис Хамилтон на табелата на возачи.

Луис Хамилтон по завршувањето на вчерашната трка јавно го изрази незадоволството од болидот и побара подобрување на перформансите за рамноправна битка со Ред Бул. Газдата на Мерцедес пак изјави дека не планира никакви промени, а сега за истото говореше и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

„Мерцедес има свои проблеми, а ние си ја гледаме нашата работа. Искуството од минатото говори дека Тото вели едно, а прави друго. Не верувам во приказната дека нема да промени ниту една компонента на својот болид. Имаме најдобар старт по 2013 година. Врзавме четири победи по ред, но се уште ништо немаме освоено. Мораме да ја спуштиме главата, да продолжиме да работиме. Мора да се прилагодиме на секоја прилика и ја продолжиме победничката низа“, изјави Хорнер.

Формула 1 и за следната трка останува во Австрија, а истата ќе се одржи на 4. јули.

Се вчитува...