Тотре: Многу фудбалери сонуваат само да дојдат во Шкендија, јас сум среќен што дадов гол за титула

Младиот фудбалер за врска на Шкендија, Енур Тотре не го крие задоволството што со неговиот погодок во финишот од мечот против Работнички за триумф од 0-1 тетовци, на четири кола до крајот на првенството, стигнаа до заслужената титула.

„Мило ми е секако што постигнав гол за титула. Тоа е навистина одлично чувство, но мора да нагласам дека само тимот е најзаслужен за овој успех на Шкендија и новиот шампионски трофеј“ – вели Тотре по мечот кој донесе нова радост за „црвено-црните“.

„Шкендија, со освојувањето на титулата на дури четири кола до крајот на првенството, уште еднаш ја потврди својата доминација. Многу фудбалери сакаат да дојдат и да бидат дел од Шкендија, а јас мора да кажам дека сум среќен што судбината ми даде по вторпат едноподруго да се радувам на шампионскиот трофеј. Се надевам, како оддолжување за навивачите за нивната поддршка во текот на целата година, ќе имаме и успешен настап на европската сцена ова лето“ – дополнува Тотре.

Се вчитува...