Шкендија пропушти можност да води против Вардар на дуелот во Тетово во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Капитенот на тетовци Енур Тотре во 24. минута не успеа да реализира пенал, откако од белата точка шутираше само во гредата од голот на Гачевски.
Претходно, оправдано беше досуден пенал за Шкендија по играта со рака во својот шеснаесетник на дефанзивецот на „вардарци“, Ненад Мишковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА