Тотре стрелец за победа на Тирана, автогол на Најдовски

Повремениот македонски репрезентативец Енур Тотре беше стрелец во победата на Тирана од 2-3 на гостувањето против Теута во 5. коло од шампионатот на Албанија.

Тотре погоди во 50. минута, во тие моменти за израмнување на резултатот на 2-2, а гостите до триумфот дојдоа со голот на Лимај во 64. минута. Теута, пак, претходно во 49. минута дојде до предност од 2-1 со голот на уште еден македонски интернационалец од редовите на Тирана, поранешниот вардаров фудбалер Филип Најдовски.

За Тирана од првата минута на дуелот настапи и Кристијан Тошевски, а во редовите на Теута од првата минута беше Баже Тодоровски.

Се вчитува...