Трабзон прави тим за ЛШ, Алиоски повторно на „мета“

По освојувањето на титулата во Турција, Трабзонспор е со мислите кон летниот трансфер период. На „мета“ повторно ќе биде македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Претходно Езгјан исто така беше беше на листата со желби на тимот по заминвуањето од Лидс, но тогаш македонскиот фудбалер реши да се пресели во Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец играше одлично и во С. Арабија, каде што постигна шест голови и запиша осум асистенции, па така постигна рекорд бидејќи бил директно вклучен во постигнување на 14 голови.

Алиоски има актуелен договор со Ал-Ахли, па Трабзонспор ќе има тешка задача да го убеди тимот да им го продаде талентираниот фудбалер. За потсетување, турскиот гигант во зимскиот трансфер период беше заинтересиран и за стоперот на македонскиот национален тим, Дарко Велковски.

Се вчитува...