Трабзон со Барди во Копенхаген ќе „брка“ победа во плеј-офот во ЛШ

Енис Барди се најде на списокот на патници за Копенхаген, каде што утре Трабзонспор го игра првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите.  Барди, конечно, ги мина сите процедури за регистрација, и веднаш беше пријавен за настап во Европа.

Барди вчера го дочека и Марк Бартра, екс играчот на Барселона и на Бетис, против кого играше минатата сезона во Ла Лига, а сега ќе му биде соиграч. Двајцата се најдоа на списокот на Трабзон за утрешниот меч.

После овој меч во Копенхаген, следува реванш во Трабзон, а турскиот тим посакува пласман во групната фаза во најелитното европско натпреварување во Европа.

Се вчитува...