Трабзонспор ќе го договара Велковски сега, за да дојде од следната сезона

Лидерот во турскиот шампионат Трабзонспор, е подготвен да се договори со Дарко Велковски уште од јануари, за да може стоперот на македонскиот национален тим да биде дел од оваа екипа од следната сезона.

Како што е познато, на Велковски му истекува договорот со Ријека на крајот од оваа сезона, а во јануари ќе може да преговара со други клубови. Затоа првопласираниот тим во Турција е подготвен да му понуди договор на Велковски сега, за од јуни македонскиот репрезентативец биде дел од овој турски тим, кој има огромна предност на табелата во Турција на лидерската позиција. Токму тоа би можело да биде дополнителен адут на Трабзон за ангажман на стоперот, односно играњето во Лигата на шампионите следната сезона.

Покрај Трабзонспор, и италијанскиот тим Салернитана има интерес за Велковски, а има интерес и од Холандија и Белгија, но турскиот тим ќе почне преговори за да „фати“ пол позиција за неговиот потпис.

Велковски е дел од Ријека, а во минатото играше за Работнички и за Вардар.

Се вчитува...