Екипата на Трабзонспор која во преодниот рок се засили со Мохамед Салах, излегува од резултатската криза.
Трабзон во четвртото коло од турската Супер лига, пред своите гледачи со убедливи 5:0 го совлада Генчлербирлиги.
Меѓу стрелците се запиша и Салах кој го постигна вториот гол за својот тим вечерва и по четири кола е втор на листата на стрелци во Супер лигата со четири гола, два помалку од Виктор Осимен.
Двоен стрелец беше Онуачу своите голови ги постигна во првото полувреме, додека во вториот дел, во листата на стрелци се запишаа уште и Мучи по асистенцијата на Салах и Франкулино.
Со триумфот, Трабзонспор се искачи на четвртото место на табелата со седум освоени бодови, три помалку од лидерот Галатасараф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
