Трабзонспор не се шегува: го бара Гвардиола за тренер, резервна опција е легенда на Ливерпул

Турскиот тим Трабзонспор направи вистински бум со потписот со Мохамед Салах, но на стартот од сезоната не прикажува игри според очекувања и цехот за тоа го плати тренерот Фатих Теке.

За привремен тренер е назначен Хусеин Чимшир, но управата сака големо тренерско име да биде негов наследник и веќе ги направиле првите чекори.

Англиските медиуми пишуваат дека прв избор на челниците на Трабзонспор е Хосеп Гвардиола на кого наводно му понудиле богат договор. Наводно шансите за Гвардиола да седне на клупата на Трабзонспор се речиси никакви, а управата има и план Б.

Контакти се остварени и со легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, кој изгледа како далеку пореална опција.

 

 

 

Се вчитува...