Трабзонспор одново влезе во трката за Алиоски

Трабзонспор во летниот преоден рок не успеа, но сега турскиот тим одново ќе се обиде во јануари да го ангажира Езџјан Алиоски. Алиоски беше на „радарот“ на Трабзон, меѓутоа на крајот македонскиот репрезентативец заврши во Саудиска Арабија.

Меѓутоа Трабзонспор ќе има жестока конкуренција, и тоа во Верона, тим од Серија „А“ кој исто така е сериозно заинтересиран за услугите на Алиоски.

Левиот бек има договор со Ал Ахли во 2023 година. Според највите, Трабзон е подготвен со почетна цифра од 1,5 милиони евра да тргне по услугите на „Џани“ кој што како слободен на почетокот на сезоната замина во Ал-Ахли. Саудискиот тим, пак, бара 2,5 милиони.

Се вчитува...