Традицијата на македонска страна – Потсетување на последната „петарда“ против Лихтенштајн (ВИДЕО)

Македонија, ако се погледне традицијата, и тоа како носи огромна фаворитска улога против Лихтенштајн пред денешниот натпревар од 7. коло во квалификациите за СП 2022.

Во досегашната меѓусебна историја, Македонија во десет меча има девет победи против Лихтенштајн и само едно гостински реми со вкупна гол разлика од 38-5 во корист секако на македонскиот национален тим.

Една од најубедливите победи е и онаа последната во актуелниот квалификациски циклус во март кога Македонија во Скопје триумфираше со 5-0 со головите на Енис Барди во 7. минута, на Трајковски во 51. и во 54. минута, а во 62. минута и Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците. Конечните 5-0 ги постави Илија Несторовски од пенал во 82. минута од натпреварот.

Се вчитува...