Трагедија: Двајца параглајдеристи загинаа кај Мечкин камен во Крушево

Двајца параглајдеристи, еден од Украина и еден од Велика Британија, загинаа денеска во близина на Мечкин камен кај местото Црн врв доживувајќи несреќа при скок, информираа од МВР на РМ.

Според информациите од полициската станица Крушево, несреќата се случила многу кратко откако се обиделе да полетаат. Сомневањата се дека едниот од параглајдеристите доживеал излив, по што во воздухот со себе го повлекол и вториот. Првиот параглајдерист починал на лице место, а вториот им подлегнал на тешките повреди во болницата во Прилеп.

Трагичниот настан се случил денеска околу 12:40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Од МВР, засега не соопштуваат други детали за настанот по направениот увид на местото на несреќата.

Се вчитува...