Трагедија: Екс-фудбалер на Њукасл почина на тренинг во Кина

Светскиот фудбал денеска жали по Шеик Тиоте, откако 30-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска трагично го загуби животот откако колабираше на тренинг во Кина, крај своите соиграчи од тимот на Пекинг ентерпрајз.„Срцев удар беше причина за големата трагедија и трагичната смрт на Шеик Тиоте. Во овие тешки моменти можеме само да изразиме сочувство до неговите најблиски“ – истакна портпаролот на Пекинг ентерпрајз за кинеските медиуми.Тиоте, кој важеше за голем борец на средината од теренот, во текот на својата европска кариера настапуваше за Андерлехт, Твенте и за англискиот премиерлигаш Њукасл, од каде се пресели во далечната Кина. Воедно, тој беше стандарден и во дресот на Брегот на Слоновата Коска, селекција со која настапуваше на СП во 2010 и во 2014 година. 

Се вчитува...