Трагедија: На 31 година почина екс-кошаркар на Минесота, Панатинаикос и Асвел

Страшна вест ја потресе кошаркарската јавност попладнево откако од САД беше потврдена информацијата за смртта на Едријан Пејн, 31-годишниот кошаркар кој го носеше дресот на Минесота во НБА-лигата, а потоа и на Панастинаикос и на Асвел во настапите во Евролигата.

Пејн своевремено важеше за еден од најталентираните кошаркари во НЦАА-лигата, по што беше избран на Атланта во првата рунда од драфтот во 2014 година. Тој никогаш не доби преголема шанса во Атланта, во НБА настапуваше за Минесота, а потоа реши да се пресели во Европа, каде со успех ги бранеше боите на Панатинаикос, тим со кој ја освои титулата во 2018 и трофејот во Купот на Грција во 2019 година. Последен клуб на овој кошаркар беше литванскиот прволигаш Јувентус Утена.

Причините за смртта на 31-годишниот Пејн засега не се објавени во јавноста.

Се вчитува...