Легендарниот фудбалер на Феенорд и поранешен репрезентативец на Гана, Кристијан Џан почина денеска на 43-годишна возраст.
Холандските медиуми пишуваат дека Џан починал од канцер кој му бил дијагностициран само еден месец порано. За тимот од Ротердам играше од 1997 до 2007 година, а со тимот од Ротердам го освои Купот на УЕФА во 2002 година откако во финалето со 3-2 ја совлада екипата на Борусија Дортмунд. Беше првак на Холандија 1999 година, а одигра 100 натпревари за Феенорд.
За селекцијата на Гана играше 23 пати. Џан беше дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА