Трагична вест пристигнува од Чешка, каде животот во сообраќајна несреќа го загуби успешниот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец, син на Ванчо Чифлиганец, долгогодишинот помагател на македонскиот спорт.
Тој настрадал во сообраќајна несреќа во оваа европска земја паѓајќи од мотор, здобивајќи се со тешки повреди на мозокот. Веднаш бил префрлен во клиника, каде лекарите повеќе од 24 часа се бореле за неговиот живот, борба што за жал завршила со трагичен крај за Македонецот.
Душко Чифлиганец беше генерален менаџер на компанијата „Адора”. Долги години живееше во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

