ТРАГЕДИЈА: Почина поранешна репрезентативка на Македонија

Трагична вест го потресе светот на ракометот. Поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ, или за нас позната како Партенко, почина ненадејно синоќа на 38-годишна возраст. Во својата кариера Николиќ играше за Кометал Ѓорче Петров и за Вардар, а го носеше и дресот на македонската репрезентација.

Партенко во 2003 година стана дел од Кометал Ѓорче петров, останувајќи шест години до 2009. После четири години, во 2013 повторно се врати во Македонија и дојде во Вардар. Ја заврши кариерата во 2015 година. Потоа беше надвор од ракометот.

 

Се вчитува...