ТРАГЕДИЈА: Романски олимпиец пронајден мртов

Тажни вести стигнуваат од Романија. Светскиот првак во мечување и освојувач на сребрен олимписки медал Флорин Заломир е пронајден мртов во својот стан во градот Отопени во близина на Букурешт, јавуваа романската национална телевизија. Според неопотврдени информации, Заломир наводно извршил самоубиство.

41-годишниот Романец неодамна се развел од сопругата, а после разводот паднал во депресија поради која во претходниот период бил и на терапија кај психолог.

Заломир исто така бил припадник на жандармеријата, а во 2003 година како припадник на Легија на странци бил во Авганистан.

Флорин Заломир во 2007 година освои златен медал на Светското првенство во Анталија, додека на ОИ 2012 во Лондон се закити со сребрениот медал.

Се вчитува...