Трагедија: Руска ракометарка се удавила за време на ЕП во ракомет на плажа

Голема трагедија се случила за време на Европското Првенство во ракомет на плажа што се одржуваше во Полска, откако руската ракометарка Екатерина Королева го загуби животот давејќи се во езеро во местото Старе Јаблонка.

Информацијата беше потврдена и од страна на Руската Ракометна Федерација, според која телото на Королева било најдено во езеро, во непосредна близина на терените каде се играа натпреварите на европскиот шампионат. Полските власти почнале истрага за да се утврди како дошло до трагичниот настан.

Королева е родена на 8 октомври 1998 година, со ракомет почна да се занимава на 15-годишна возраст. Таа настапуваше за младинските репрезентации на Русија, а од неодамна почна со настапи во ракомет на плажа.

Се вчитува...