Трагедија во Англија: Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер

Морничава слика за голема трагедија доаѓа од Англија, каде веднаш по натпреварот меѓу Лестер и Вест хем, се урнал хеликоптерот на сопственикот на „лисиците“, Вишаи Шривадханапрабха. После секој натпревар, тој си заминува од стадионот „Кинг Пауер“ со хеликоптер иу многу веројатно е дека бил во леталото заедно со екипажот и со дел од најблиското семејство. Сепак, засега нема официјални информации дали и колку жртви има во оваа несреќа.

Трагедијата се случила во паркот, непосредно до стадионот. Хеликоптерот полетал, но набрзо загубил сила и се случила несреќа. Пожарни и амбулантни возила се уште се на местото на несреќата.

 

Се вчитува...