Трагедија во Бразил: Во кафуле убиен поранешен фудбалер

Бразилскиот фудбал е обвиен во црно по трагичните вести што доаѓаат од државата Санта Катарина, каде што поранешниот фудбалер Иван Фиел да Силва, попознат по прекарот Бразао, беше убиен во пукотница во кафуле.

Четириесет и четиригодишниот Бразао е една од двете жртви на двојно убиство што се случило во текот на ноќта во Вила Есперанса, во градот Тубарао.

Според информациите од бразилската воена полиција, вооружен напаѓач отворил оган во кафуле, а покрај поранешниот фудбалер, убиен е и Жоао Роберто, сопственик на локална продавница.

Итната помош набрзо пристигнала на местото на настанот, но лекарите можеле само да констатираат смрт на двете жртви.

Трагичната вест ја потврди регионалниот делегат на цивилната полиција, Лукас Резенде, додека истрагата за мотивите и околностите за трагичниот чин е во тек. 

Бразао беше познат како моќен напаѓач и голгетер за време на неговата играчка кариера, а играше за неколку познати бразилски клубови, вклучувајќи ги Атлетико Паранаенсе, Атлетико Гојаниенсе, Санта Круз и Тубарао.

Најголемиот успех го постигна во 2010 година во дресот на Санта Круз, кога стана најдобар стрелец на федералното државно првенство Пернамбуко и се здоби со статус на еден од најзначајните напаѓачи на тоа натпреварување.

Се вчитува...