Трагедија во Египет: Дојде како гостин на ТВ, почина по победничкиот гол на Саудиска Арабија

Поразот на Египет во последните секунди од дуелот со Саудиска Арабија однесе и човечки живот, откако поранешниот фудбалер и тренер од оваа земја, Абдел Рахим Мохамед, почина од срцев удар.

Мохамед бил повикан во телевизијата „Масперо“, како гостин и стручен аналитичар да даде свое видување за дуелот со Саудиска Арабија, како и за целокупниот настап на Египет на овој мундијал. Веднаш по победничкиот гол за С. Арабија во 95. минута, друг гостин забележал дека на Абдел Рахим Мохамед му се слошило, по што веднаш му била укажана прва помош и повикани доктори во студиото.

Тој бил пренесен во најблиската клиника, каде докторите не успеале да му го спасат животот.

Се вчитува...