Трагедија во Холандија: Почина екс фудбалер на Ајакс и Твенте на 29 годишна возраст

Поранешниот играч на Ајакс и на Твенте, Џоди Лукоки почина на 29-годишна возраст, јавија холандските медиуми.

Интернационалецот од Конго, кој имаше договор со Твенте до февруари, беше на крај од рехабилитацијата на повредата на вкрстените лигаменти, а причината за смртта е непозната.

Твенте му го раскина договорот на една година пред неговото завршување, поради тоа што фудбалерот беше обвинет за напад на својата девојка.  Беше осуден на 80-часовна работа и казна затвор од три години ако го повтори делото.

Освен за Ајакс  Твенте, Лукоки играше и за Цволе, Лудогорец и Малатијаспор. Играше за помладите селекции на Холандија, а потоа за сениорските категории се одлучи да игра за Конго, за кој има три настапи.

Се вчитува...