Трагедија во Хрватска, почина 19-годишна ракометарка

Спортската јавност во Хрватска е завинеа во црно, откако ракометниот клуб Трешњевка објави дека ненадејно починала нивната млада ракометарка Ема Грозница. Таа имала 19 години и била перспективна ракометарка која ветувала многу за иднината на овој спорт.

Во длабока болка и тага објавуваме како нашата Ема Грозница почина вчера, по тешко и кратко боледување. Бог ги избира најубавите ангели за себе, објави клубот на социјалните мрежи.

Како што беше наведено понатаму, таа учествувала на маратон пред само десет дена, а исто така и женскиот ракометен клуб Брод од Славонски Брод се прости од младата девојка.

„Нашата Ема, на голема жалост нè напушти. Секогаш насмеана и весела. Патувајќи секој викенд од Илок до Славонски Брод, таа покажа колку е голема и силна нејзината љубов кон ракометот. Искрено сочувство до семејството Грозница од тренерите, играчите и управата на ЖРК Брод“, се наведува во пораката на овој клуб.

Се вчитува...