Трагедија во НФЛ: Почина 24-годишен играч, три дена откако играше натпревар

Дефанзивниот играч на НФЛ тимот Далас Каубојс, Маршон Ниленд, почина во четврток на 24-годишна возраст, објавија неговиот тим и лигата. Причината за смртта е непозната, а Ниленд почина само три дена откако играше натпревар во кој го постигна својот прв тачдаун во кариерата.

Ниленд беше избран од Далас во втората рунда од драфтот во 2024 година, а во текот на својата кариера имаше 18 настапи во највисоката лига на американски фудбал, од кои четири како стартер.

„Со голема тага, Далас Каубојс ја објавуваат трагичната смрт на Маршон Ниленд утрово. Маршон беше сакан соиграч и член на нашата организација. Нашите молитви се со неговата девојка Каталина и неговото семејство“, објавија Каубојс.

Се вчитува...