Трагедија во Србија: Фудбалер доживеал срцев удар на сред тренинг, починал на пат кон болница

Фудбалерот на Раднички од Ратково, Александар Круниќ, почина на 30-годишна возраст откако доживеал срцев удар. Трагедијата се случила на тренинг кога му се слошило, а иако веднаш била повикана брза помош, за жал немало спас и тој починал на пат кон болница.

„Спортски журнал“ ја потврди оваа трагична вест кој ја потресе спортската јавност во Србија, а фановите и следбениците на клубот, како и познаниците на фудбалерот во големо неверување и жалост ја прифатиле веста дека нивниот пријател, брат и соиграч не е повеќе со нив.

„Ти беше фудбалер кој оставаше срце на терен, ти беше вистински пријател … Почивај во мир наш брату“, стои во соопштението од семејстовто и другарите.

Се вчитува...