Трагедија во Србија: Почина фудбалер и актуелен тренер на само 25 години

Тажна вест ја потресе српската спортска јавност. Почина поранешниот фудбалер и актуелен тренер Немања Миросављевиќ и тоа на само 25-годишна возраст.

Тој починал од срцев удар, соопшти неговиот клуб Графичар, каде прво беше играч, а сега тренер во младинските категории.

„Миросављевиќ беше препознатлив по својата насмевка и добрата енергија, важеше за омилен соиграч и тренер, кој го сакаа сите деца“, стои во соопштението на Графичар.

Професионално се занимаваше со фудбал до минатата сезона, по што реши да влезе во тренерските води. Во својата кариера освен за Графичар играше и за Војводина, Инџија, Радник Сурдулица и уште неколку други клубови.

Се вчитува...