Трагедија: Загина поранешен фудбалер на Милан и голем талент на италијанскиот фудбал (ВИДЕО)

Поранешниот млад репрезентативец на Италија и „дете“ на Милан, Симонлука Агацоне загина во сообраќајна несреќа. Покрај Агацоне во несреќата животот го загуби и 32-годишниот Матео Равето. Двајцата страдале откако при висока брзина се судриле со диви свињи, по што излетале од патот.

Двајцата фудбалери починале на лице место. Агацоне беше многу талентиран фудбалер кој кариерата ја почна во Милан, а ги помина и сите младински категории на италијанската репрезентација. Во кариерата настапуваше и за Монца, Специја, Новара, а последно ги бранеше боите на аматерскиот клуб Спортиву.

 

Се вчитува...