Трагедија – Загина поранешен кошаркар на Партизан

Поранешниот кошаркар на Партизан, Милтон Паласио загина во сообраќајна несреќа во Торонто. Паласио бил удрен од автомобил Хонда Цивик на кого му откажале сопирачките. Кошаркарот со потекло од Белизе по ударот доживеа тешки повреди, поради кои ја загуби битката за живот.

За Партизан тој настапуваше во сезоната 2007/2008, што му беше прво европско искуство, откако претходно седум години настапуваше во НБА лигата (Бостон, Торонто, Јута).

Се вчитува...